Средба Мисајловски – Бејер: интеграцијата на нашата земја во ЕУ е највисок државен приоритет

Макфакс

03/10/2024

16:58

153

Големина на фонт

а а а

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со Питер Бејер, германски пратеник во Бундестагот.


На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области.

Мисајловски изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија е највисок државен приоритет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг