Еди Рама примен во болница, ќе го оперира познат лекар! Албанскиот премиер и претходно зборуваше за здравствени проблеми

Точка

03/10/2024

16:35

2.608

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска е примен во болница на операција на хернија (кила).

Како што пишуваат албанските медиуми, Рама ќе го оперира доктор Арбен Ѓата, откако пред извесно време на шефот на албанската влада му била извршена уште една операција за отстранување на слепото црево.


Премиерот Еди Рама на крајот на август најави дека ќе биде опериран поради здравствен проблем.

При посетата на КСУТ, каде што е отворена дневната болница, Рама тогаш изјавил дека повторно ќе се појави како пациент бидејќи мора да направи интервенција поради проблем со ингвинална хернија.





Спонзорирани линкови

Маркетинг