Жена паднала од мотор кој го управувал кичевчанец, пренесена е во болница

Макфакс

23/10/2024

11:42

249

Големина на фонт

а а а

Жена се здоби со тешки телесни повреди кога паднала од мотор на патот Кичево-Гостивар.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера додека Н.Л.(41) од Кичево управувал мотоцикл „јамаха“.

„Сопатничката А.Н.(40) од Кичево паднала од мотоциклот на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, објави МВР.

Извршен бил увид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг