Porsche го прослави успешното лансирање на целосно електричниот Macan на ексклузивен настан во Скопје

Точка

02/10/2024

14:25

254

Големина на фонт

а а а

Porsche со гордост го лансираше новиот и целосно електричен Macan, прославен на прекрасен настан одржан во Скопје, во организација на Порше Македонија. Вечерта не само што го прикажа новиот Macan, туку го претстави и иконскиот Taycan, нагласувајќи ја посветеноста на Porsche за електрификација и одржливата иднина.

Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси од прва рака. Настанот вклучуваше детална презентација во живо, овозможувајќи им на присутните да ја почувствуваат возбудата на новиот Macan.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите.


„Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV. Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил - тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“ – Изјави Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше Македонија.

„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост. “ – изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.


Вечерта поттикна длабоки разговори помеѓу автомобилските ентузијасти, лидерите во индустријата и претставниците на медиумите, сите собрани да го прослават наелектризираниот напредок на Porsche.

Porsche смело и со сигурни чекори го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг