Хигиената ставена на чекање – хигиеничарка во Скопје само преку врски!

Денар

01/10/2024

15:53

2.846

Големина на фонт

а а а

Жителите на Скопје се соочуваат со големи предизвици во одржувањето на чистотата во своите домови. Ситуацијата стана критична, особено кога станува збор за ангажирање на хигиеничарки и куќни помошнички.

Побарувачката за вакви услуги е толку висока, што многумина се соочуваат со чекање од неколку месеци за термин.

Една млада мајка од Скопје, Ана Милковиќ, раскажува за својата искуство:

„Месеците минуваат, а јас и понатаму немам среќа да најдам хигиеничарка. Поради обврските со детето и работата, едноставно не можам да се справам со чистењето сама. До сега не успеав да најдам никого слободен. Хигиеничарките секогаш ми велат дека се резервирани за наредните два месеца“, раскажува Милковиќ.


Оваа ситуација не е изолирана. И други жители на главниот град ја споделуваат истата фрустрација.

Недостатокот на хигиеничарки не само што предизвикува стрес, туку влијае и на квалитетот на животот.

Граѓаните, особено оние со зафатен распоред, се чувствуваат беспомошно во обидите да ја одржат чистотата во своите домови.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг