Приведени криумчари на мигранти

Макфакс

02/10/2024

10:53

210

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19.40 часот во село Табановце, кумановско, на крстосница кон село Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода 41-годишниот Б.Р. од село Матејче, липковско и 32-годишниот Љ.Љ. од Куманово, извести МВР.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг