Како што јавува ТВ21, синоќа се појавил чад во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција.
Автобусот се враќал од Грција, а настанот се случил во близина на Велес при што во автобусот се појавил чад, а персоналот на автобусот ги повикал патниците да излезат од автобусот. Но, во тој момент вратите не биле отворени, по што патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.
Нема информации за повредени, но секако патниците доживеале силна паника и стрес.
Според информациите на ТВ21, повеќето од патниците се на возраст под 18 години.
Според неофицијални информации на ТВ21, се работи за автобус на Беса Транс (сега Ројал травел).
(Фото и видео: ТВ21).