[ВИДЕО] Трагедија во кумановската болница: Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Точка

28/09/2024

20:12

2.035

Големина на фонт

а а а

Како што информира МВР, синоќа во кумановската општа болница починала родилка. Било извршено породување, а новороденчето сега е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника.

Синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка.


Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

– Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на родилка на 31-годишна возраст која ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

-Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.


Видео: ТВ Телма 




Спонзорирани линкови

Маркетинг