"The Athletic": Манчестер Сити го доби судскиот спор со Премиер лигата. Еве што значи тоа

Точка

27/09/2024

16:48

1.991

Големина на фонт

а а а

Откако саудиското кралско семејство го купи Њукасл пред три години, Премиер лигата формираше комисија за испитување на реалната пазарна вредност на секое спонзорство, но Сити се повика на слободата на пазарот.

Доверливиот спортски магазин "The Athletic" објави дека Манчестер Сити ќе го добие судскиот спор со Премиер лигата започнат поради ограничувањата што лигата сакаше да ги наметне на спонзорските договори.


Откако саудиското кралско семејство го купи Њукасл пред три години, Премиер лигата формираше комисија чија цел беше да ја испита реалната пазарна вредност на спонзорството. Англичаните се плашеа дека клубовите во сопственост на богатите можат да потпишат спонзорски договори меѓу клубовите и нивните други компании и на тој начин да ги „пумпаат“ буџетите на нивните клубови.


Сепак, Манчестер Сити ја тужеше лигата врз основа на слободата на пазарот, а "The Athletic" располага со информации кои сугерираат дека Сити го добил спорот.


Некои други извори одат дотаму што најавуваат дека тоа значи дека „граѓаните“ ќе победат во уште еден спор во кој се истражува нивното прекршување на финансискиот фер-плеј по дури 115 точки од обвинението. Ако англискиот шампион биде прогласен за виновен, тој може дури и да испадне.




Спонзорирани линкови

Маркетинг