[ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА] Поранешниот фудбалски репрезентативец на Турција застрелан во нога, објави и фотографија

Точка

27/09/2024

14:17

1.762

Големина на фонт

а а а

Несреќниот Акин го напуштил телевизиското студио во населбата Бејкоз, а потоа било пукано во него.

Турција ја потресе страшната вест за вооружениот напад на Серхат Акин, поранешен турски репрезентативец кој работи како стручен коментатор на турската телевизија.


Се се случило по натпреварот од Лига Европа меѓу Фенербахче и Унион СГ (2:1), кога несреќниот Акин го напуштил телевизиското студио во населбата Бејкоз, а потоа било пукано во него.


Акин брзо бил префрлен во блиската болница, а по вооружениот напад се огласил на својот Инстаграм профил споделувајќи фотографија од скршениот зглоб и стапалото.


Предупредуваме дека содржината е од вознемирувачка природа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг