НАТО прави планови за голем транспорт на ранетите во случај на војна со Русија

Точка

25/09/2024

20:44

702

Големина на фонт

а а а

НАТО планира да го координира превозот на големиот број на ранети војници далеку од борбеното поле во случај на војна со Русија, а најверојатно со помош на болничарски возови бидејќи воздушната евакуација можеби нема да биде изводлива, изјави денес високопозициониран генерал на НАТО.

Ова сценарио за медицинска евакуација ќе се разликува од искуствата на сојузниците во Авганистан и Ирак, изјави во интервју за „Ројтерс“, генерал – полковник Александар Солфранк, шефот на логистичката команда на НАТО.


„Во најлош случај ќе има многу ранети“

„Во конфликтот со Русија, западните војски веројатно ќе се соочат со многу поголемо бојно поле, поголем број на повредени војници и барем привремен недостиг на воздушна надмоќ во близина на првата линија“, вели германски генерал.

„Предизвик ќе биде да се обезбеди висококвалитетна нега за, во најлош случај, голем број на ранети“, додаде генералот непрецизирајќи колку точно повредни војници НАТО очекува да има.


Планирањето на медицинските евакуации претставува дел од многу поширокото настојување на НАТО, да ја ревидира и зајакне својата способност за одбивање и одбрана од секаков руски напад, а поттикнато од руската инвазија врз Украина која започна во 2022 година.

Германија вели дека очекува можен руски напад веќе во 2029 година

Германската војска вели дека очекува руски напад врз земја членка на НАТО веќе во 2028 година, додека рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Западот е агресор бидејќи ја вооружува Украина. Војната на Путин во Украина предизвика најостра конфронтација помеѓу Русија и Западот уште од времето на Кубанската ракетна криза во 1962 година.


Солфранк е на чело на Здружената команда за поддршка и оспособување („JSEC“), задолжена за координација на брзото движење на пешадијата и тенковите низ Европа, како и за логистичка подготовка како што е складирањето на муницијата во источното крило на НАТО.

Неодамна „JESC“ со седиште во германскиот град Улм, организираше вежба за координација на проток на пациенти. „Доколку дојде до конфликт со Русија, ранетите војници ќе треба да се транспортираат не само на многу подалечни места туку и во други војни“, вели Солфранк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг