„OnlyFans“ манекенката, Ава Луиз, беше исфрлена од митингот на Доналд Трамп во Њујорк, откако ја соблече маицата и ги покажа своите голи гради на Трамп и неговата публика којашто броеше 16.000 луѓе.
Носејќи капа со натпис „MAGA“, Луиз скокаше на седиштата во публиката, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на 78 годишниот републикански кандидат за претседател, пренесува „Дејли Мејл“.
🇺🇸 La modelo de Onlyfans Ava Louise muestra sus pechos a Donald Trump durante su mitin en Nueva York.
— Progresismo Out Of Context (@OOCprogresismo2) September 19, 2024
“Estoy tratando de reunir $500.000 dólares para donar todo a la campaña de Trump”. pic.twitter.com/Vd9qEatTgG
Луиз изјави дека нејзиниот потег бил дел од кампањата за собирање средства под називот „гради за Трамп“. Таа исто така изјави дека на „OnlyFans“ заработува повеќе од 100.000 долари месечно, како и дека дел од тој приход честопати го донира во кампањата на Трамп.
Откако беше исфрлена од митингот, Ава објави видео на коешто локалната полиција и Тајната служба ја испрашуваат, а на видеото може да се слушне како еден од агентите ѝ вели дека има „добри гради“, додека друг агент гледајќи во момчето на Ава вели: „Добро направена работа, брат“.
Меѓутоа, во изјава за „New York Post“, Ава вели дека нејзиниот потег разбеснил неколку полицајци, коишто се обиделе да иницираат тужба против неа поради тој инцидент.
Но, покрај сето ова, Ава повторно донираше уште повеќе средства во кампањата на Трамп.