Жителите на овие европски градови се најнезадоволни од јавниот превоз, а помеѓу нив се и нашите сограѓани

Точка

21/09/2024

13:54

3.218

Големина на фонт

а а а

Европската комисија во својот извештај потенцираше дека јавниот превоз има големо влијание врз општото задоволство на жителите од градот во којшто живеат.


Овој извештај бил направен врз основа на минатогодишното истражување во коешто биле опфатени 83 градови и 71.000 луѓе. Истражувањето утврди дека седум од 10 жители биле генерално задоволни од јавниот превоз во својот град. Меѓутоа помеѓу градовите постои голем јаз во однос на задоволството од јавниот превоз. Така на пример, 29% од жителите на Рим и Тирана се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, додека 91% од жителите на Виена изјавија дека се задоволни од јавниот превоз во нивниот град.


Жителите на северна и западна Европа изразија поголемо задоволство од јавниот превоз додека жителите на градовите о југот и истокот на континентот се помалку задоволни. Задоволството на граѓаните во Хелсинки, Осло и Стокхолм надмина 85% додека во Копенхаген 81% од граѓаните се задоволни од јавниот превоз во овој град.

Градовите во коишто повеќе од половина од граѓаните не се задоволни од јавниот превоз се: Рим, Тирана, Подгорица, Белград, Никозија и Скопје.


Истражувањето испитувало неколку фактори коишто влијаат врз задоволството од јавниот превоз, како што се: пристапноста на јавниот превоз во нивниот град, неговата сигурност, леснотија на користење, редовност и безбедност, пишува „Euronews“.