"Guardian": Земјата ја добива „втора Месечина“

Точка

20/09/2024

07:46

1.436

Големина на фонт

а а а

Гравитациското влечење на Земјата ќе предизвика заробениот астероид да кружи околу нашата планета скоро 60 дена.

Така оваа есен, на ограничено време, Земјата ќе добие „втора Месечина“, пишува "Guardian".

Според студијата објавена оваа недела, астероид со должина на градски автобус ќе биде фатен од гравитациската сила на Земјата и ќе орбитира околу нашата планета скоро два месеци, станувајќи „мини-месечина“.

Астероидот ќе орбитира околу Земјата од 29 септември до 25 ноември пред да се врати во својот дом, астероидниот појас што кружи околу Сонцето.

„Објектот што ќе не посети припаѓа на астероидниот појас Арџуна, секундарен астероиден појас кој е составен од вселенски карпи кои следат орбити многу слични на оние на Земјата“, изјави за "Space.com" Карлос де ла Фуенте Маркос, професор на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид и главен автор на студијата.

Тој објасни дека некои од астероидите во појасот Арџуна можат да се доближат релативно блиску до Земјата, дури 2,8 милиони милји (4,5 милиони километри).

Ако тие се движат релативно бавно за астероиди, со 2.200 милји на час (3.540 km/h), тогаш нивните патеки се под посилно влијание од Земјината гравитација од вообичаено.


„Под овие услови … објектот може да стане привремена месечина на Земјата“, рече тој, додавајќи дека тоа ќе се случи со споменатиот астероид почнувајќи од следната недела и ќе трае околу два месеци.

Тој исто така истакна дека астероидот нема да следи целосна орбита околу Земјата.

Астероидот беше откриен на 7 август од страна на системот за последно предупредување со копнени удари на астероиди (ATLAS), програма финансирана од НАСА.


Астероидот е долг 10 метри, што е исклучително мало во споредба со Земјината Месечина, чиј дијаметар е околу 3.474 километри, пренесува Б92.

Научниците додаваат дека веруваат дека оваа мини-месечина повторно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2055 година.

Ова не е прв пат Земјата да има мини месечина. Истражувачите во својот труд напишале дека две мини-месечини се случиле во 1981 и 2022 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг