„Прељубничките фотографии“ ја ставија актерката на столбот на срамот: Му го скрши срцето на миленикот на Холивуд поради аферата со оженет маж

Точка

18/09/2024

17:15

3.185

Големина на фонт

а а а

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон беа љубовен пар од соништата, а потоа актерката ја уништи идилата со аферата со режисерот Руперт Сандерс. Кристен наскоро ја очекува венчавка со својата долгогодишна партнерка Дилан Мејер, но некогаш беше девојка на холивудскиот миленик.

Стјуарт јавноста најмногу ја памети по улогата на Бела Свон во сагата „Twilight“, а токму тогаш го запозна актерот Роберт Патинсон, со кој беше во врска од 2009 до 2012 година.


Парот брзо стана омилена холивудска сензација, но сè се распадна кога папараците ја фотографираа актерката како страсно се бакнува и прегрнува со режисерот Руперт Сандерс, кој е 19 години постар од актерката и во тоа време беше оженет.


Таа и Патинсон тогаш раскинаа, повторно ја обновија врската, но потоа се збогуваа засекогаш во 2013 година. Тие „прељубнички фотографии“ ја ставија на првото место на омразени јавни личности, особено затоа што сите мислеа дека ќе стигне до олтарот со колегата од сетот. Иако призна дека тој е нејзината прва и голема љубов, се чини дека, на жалење на многубројните фанови, била осудена на пропаст.


По врската со Роберт, Кристен започна да се гледа со жени, а токму на една наскоро ќе ѝ го каже судбоносното „да“.


Патинсон, сепак, откако беше јавно понижен и измамен, почна строго да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Тој толку цврсто се држеше до тоа што му требаа цели 4 години да се појави на црвениот тепих со својата партнерка Суки Вотерхаус.


Се дозна дека е во врска со Суки во 2018 година кога папараците ги снимиле во Лондон како разменуваат нежности.

Нивната врска стана посериозна за време на пандемијата во 2020 година кога се проширија гласини дека се свршени. Парот неодамна го доби и првото дете, а за приватниот живот ретко зборуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг