Еден од најдобриот фудбалери на светот се пожали: „Страдаме“

Точка

17/09/2024

20:15

1.530

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер Сити и официјално најдобар играч на ЕУРО 2024, Родри, денеска изјави дека играчите се блиску до одлука за штрајк поради зголемениот број на натпревари, пренесуваат британските медиуми.

„Можам да кажам дека 60 или 70 натпревари не се оптимални за играч во една сезона. Еден фудбалер може да одигра меѓу 40 и 50 натпревари на највисоко ниво, а оваа сезона можеби ќе одиграме вкупно 70 или 80 во сите натпреварувања. Премногу е“, изјави Родри на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Интер во првото коло од Лигата на шампионите.

Тој критикуваше голем број натпреварувачки настапи, што го предвидува новиот формат на Лигата на шампионите.


„Ако прашате кој било играч, ќе ви го каже истото. Тоа е општо мислење на играчите, не е само мое мислење. Ако вака продолжи, нема да имаме друг избор. Страдаме“, додаде Родри за можноста за штрајк.

Фудбалерот на Манчестер Сити истакна дека некој мора да се грижи и за здравјето на играчите.


„Не е сè до пари или маркетинг. Има нешто и во квалитетот на шоуто. Играм подобро кога не сум уморен. Мора да се грижиме за себе … Ако луѓето сакаат да гледаат подобар фудбал, мора да се одмориме. Со други зборови, ако се зголеми бројот на натпревари, се намалува нивото и квалитетот“, истакна Родри.

Фудбалерите на Манчестер Сити утре од 21 часот го пречекуваат Интер во првото коло од Лигата на шампионите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг