Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа

Дерби

17/09/2024

13:58

1.709

Големина на фонт

а а а

Новиот формат во Лигата на шампиони е голема енигма за фудбалските фанови, но истото важи и за легендите на оваа игра кои беа навикнати да играат во стандардниот систем кој беше активен до оваа година.

Кларенс Сидорф вели дека само времето ќе покаже како фановите и играчите ќе реагираат на иновациите кои ги имплементираше УЕФА, но своето обраќање го искористи за да ги наброи и трите главни фаворити за титулата оваа сезона.

Легендарниот Холанѓанец смета дека Реал Мадрид повторно е тимот кој треба да се победи, меѓутоа не ги заборава и Манчестер Сити и ПСЖ.


– Љубопитен сум да видам како ќе изгледа Лигата на шампиони со новата формула. Јас го сакав стариот формат, беше потребно повеќе време за да ги дочекате дуелите на најдобрите тимови во Европа.

– Историјата вели дека тимот кој треба да се победи е Реал Мадрид, но титулата можат да ја освојат и други. Разликата е се помала, веќе нема лесни натпревари во Лигата на шампионите. Сепак, јас сум убеден дека Карло Анчелоти ќе го пронајде вистинскиот баланс во Реал со Мбапе.

– Од друга страна, Пеп Гвардиола има доволно време да работи на деталите во Манчестер Сити, но тука е и ПСЖ за кој мислам дека има еден од најконкурентните тимови во Европа. Во ситуација кога Мбапе си замина, останатите играчи треба да преземат поголема одговорност, – вели Сидорф во интеврјуто за „Газета“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг