„Потта може да открие многу тајни за нашето здравје“, велат истражувачите, а еве и како

Точка

17/09/2024

11:36

2.275

Големина на фонт

а а а

Новата технологија би можела значајно да го олесни следењето на виталните знаци за здравствената состојба на пациентите. Инженерите од калифорнискиот универзитет во Сан Диего, развија електронска обвивка за прст којашто ги следи нивото на гликоза, витамини па дури и лекови, преку употреба на човековата пот, велат од универзитетот во истражувањето објавено на почетокот од септември во списанието „Nature Electronics“.


Овој уред се обвиткува околу прстот и ја црпи силата од потта на врвот од прстот, тврдат истражувачите.

„Врвовите на прстите и покрај нивната големина, се меѓу најголемите произведувачи на пот во човековото тело, а секој прст има повеќе од 1000 жлезди на потта“, велат истражувачите во нивното соопштение за јавноста.

Уредот е конструиран од електронски компоненти, испечатен на тенок, флексибилен и растеглив полимерен материјал, а се приспособува на прстот и „доволно е издржлив да издржи повторливо виткање, растегнување и движење“, изјавија истражувачите.


Според истражувачкиот тим, во студиските испитувања оваа обвивка (електронски уред) за прстите се покажала ефикасна. Учесниците во истражувањето го носеле уредот на врвовите од прстите додека извршувале дневни активности, како што се канцелариска работа, одење, јадење и спиење, со цел да се процени „ефикасноста на сензорот и системот за собирање на енергија во реално време“.

„Жлездите на врвовите од прстите можат да произведат од 100 до 1000 пати повеќе пот отколку другите делови од човековото тело, дури и кога човекот не работи ништо“, велат истражувачите.

Истражувачите планираат да ги подобрат перформансите на уредот со дополнителни техники за собирање на енергијата. Ова би можело да вклучува генерирање на механичка енергија од човечкото движење, како што се вообичаените движења на прстите – тапкањето или пишување.

Исто така, истражувачите работат и на оптимизацијата на дизајнот на струјното коло, батериите, сензорните модули и преносот на податоци за да го подобрат животниот век, стабилноста и функционалноста на уредот, што ќе помогне во обезбедувањето на одржлива рамнотежа помеѓу производството и потрошувачката на енергија



Спонзорирани линкови

Маркетинг