[ФОТО] Новата фотографија на Лионел Меси стана хит на социјалните мрежи, а коментарите за неговиот изглед само се нижат

Точка

17/09/2024

10:11

5.249

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се врати на фудбалскиот терен по двомесечна пауза, и на натпреварот помеѓу Интер - Мајами и Филаделфија Унион, оствари два голови и асистираше за третиот. Микаел Ухре ѝ донесе предност на Филаделфија уште во втората минута од натпреварот, а потоа се активираше и Меси, на којшто ова му беше прв настап по 62 денови, и натпреварот заврши со 3:1 за Филаделфија.

Меѓутоа познатиот фудбалер покрај со добриот настап, го привлече вниманието и со промената на неговиот имиџ. Имено, тој на натпреварот се појави без брада, а фотографите го забележале неговиот изглед уште пред да излезе на теренот, па така фотографијата набрзо се прошири на социјалните мрежи. Но на некои обожаватели на Меси, не им се допадна овој негов нов имиџ.

„Те молам врати ја брадата“, „Мора итно да ја врати брадата“, „Изгледа како потполно друга личност“, „Не го разбирам неговиот фризер – како му дозволил да ја избричи брадата со таква вилица, човекот е најдобриот фудбалер во историјата на спортот“, беа само дел од коментарите на социјалната мрежа „Х“.

Потсетуваме, Меси закрепнуваше од повредата здобиена во текот на „Копа Америка“.


„Едвај чекав да се вратам, бев нетрпелив бидејќи долго време бев надвор од теренот. Малку – помалку почнав да тренирам со момчињата, се чувствував добро и поради тоа одлучивме дека ќе се вратам. Многу сум среќен и задоволен“, изјави Меси по враќањето на теренот.

„Свесни сме какви момчиња имаме. Вистина е дека во текот на сезоната имавме проблеми со повредите. Никогаш не бевме со полн состав, секогаш ни недостасуваа играчи, но момчињата одеа понатаму. Сега сме први со голема предност и се надеваме дека можеме да завршиме на врвот“, изјави Меси по натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг