Фудбалер од Турција пријавил дека бил нападнат од вработен во „ФК Вардар“ по вчерашниот натпревар

Макфакс

16/09/2024

16:56

1.530

Големина на фонт

а а а

Фудбалер на ФК Гостивар, во МВР вчера пријавил дека бил нападнат од вработен во ФК Вардар по натпреварот.

„На 15.09.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, А.П.(33) од Република Турција, фудбалер на ФК Гостивар, пријавил дека околу 16.50 часот на стадион во Скопје, по завршување на натпревар помеѓу фудбалските екипи на ФК Гостивар и ФК Вардар, бил физички нападнат од Р.В. од Скопје, вработен во ФК Вардар“, се наведува во дневниот полициски билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг