Ван Дајк си го расипа својот неверојатен ефект на „Енфилд Роуд“: Ова е неприфатливо

Дерби

16/09/2024

08:52

1.422

Големина на фонт

а а а

По трите стартни победи под водство на новиот менаџер Арне Слот, Ливерпул го доживеа првото разочарување во Премиер лигата, и тоа против клуб против кој немаше пораз на домашен терен цели 55 години.

Нотингем Форест после повеќе од пет децении победи во домот на „црвените“ и извојува победа со 0:1, а статистички гледано, тоа беше само трет пораз за капитенот Вирџил Ван Дајк на натпревар на кој тој го играл на „Енфилд Роуд“ како домашен фудбалер.


Токму поради тоа, стоперот беше убедливо најлут по претрпениот неуспех, па не пропушти да нагласи дека вакво сценарио е неприфатливо доколку тимот сака да се бори за титулата.

– Сабота беше многу разочарувачки ден за нас, не само поради резултатот, туку и поради перформансите. Премногу брзавме и загубивме безброј втори топки. Понекогаш може да загубите дуел, но секогаш мора да бидете подготвени за втор дуел. Тие ги добија речиси сите такви топки, секогаш беа на вистинска страна. Тие добро си ја завршија работата, но ние не.


– Не стануваше збор за замор, сите доаѓаме од различни места по репрезентативната пауза. Требаше да бидеме подобри, не треба да бараме алиби, имавме перформанси кои дефинитивно не не радуваат. Губење на домашен терен не смее да се прифати, мора брзо да се вратиме после ова, – вели Ван Дајк кој го забележа само третиот пораз во 101-от настап на домашен терен во Ливерпул.

– Ние сме добра група и знаеме дека изданија како тоа во саботата е неприфатливо. Тоа беше разочарувачки од наша страна и мора да се покажеме во подобро светло веќе во вторник, – додава капитенот во пресрет на дуелот со Милан во Лигата на шампиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг