Леклер на пол-позицијата во Баку, ужасни квалификации за Норис

Макфакс

14/09/2024

16:57

1.945

Големина на фонт

а а а

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Азербејџан. Возачот од Монте Карло доминираше во квалификациите низ улиците на Баку, најбрзиот негов круг изнесуваше 1:41:365 минути.

Возачот на Ферари зад себе го остави Оскар Пјастри за нешто повеќе од три десетнки. Австралиецот ќе стартува од првиот ред веднаш до Леклер.

Вториот ред го формираа Карлос Саинц (Ферари) и Серхио Перез (Ред Бул). Мексиканецот прв пат оваа сезона има подобра позиција на стартот од колегата Макс Ферстапен.

Актуелниот шампион ќе стартува од шестото место, пред него е Џорџ Расел (Мерцедес), неговиот тимски колега Луис Хамилтон е седми, до него е Ферандо Алонсо (Астон Мартин).

Одлични квалификации имаше тимот на Вилијамс, неговите возачи Франко Колапинто и Алекс Албон се пласираа на деветтото и десеттото место.

Ужасни квалификации имаше претендентот за титулата Ландо Норис. Возачот на Мекларен не успеа да ја мине првата сесија, трката ќе ја започне од 17.место.

Трката за Големата награда на Азербејџан в недела ќе стартува во 13 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг