Оглас кој се појави во локалните медиуми во Манчестер, каде се продава „нов, никогаш користен бункер“ за 17.760 евра, стана главна тема, барем во тој дел од Англија.
Како што е наведено, бункерот се наоѓа во селото Ворхмил, во близина на земјоделско поле. Еден од 1.500 слични, кои биле изградени во 1950 година и дизајнирани да „преживеат“ нуклеарен напад од Русија.
Рекламата и деталите за бункерот ги објави „Мирор“.
Во текстот се наведува дека овој бункер е создаден за време на Студената војна и дека планот бил да бидат сместени набљудувачи кои ќе известуваат за последиците од рускиот нуклеарен напад. Се состои од две соби, има тоалет, завеси и целиот потребен декор. Во него можат да се вклопат само тројца, а тоа, како што наведоа, е неговата „единствена“ мана.
“Има капацитет да се складира храна и вода во него две недели. Иако во него може да се влезе само со скали, многу е удобно”, велат агентите што го продаваат.
„Бункерот никогаш не бил користен. Пакетот со него вклучува телефон и инструкции за опремата што се користи во случај на напад, вклучително и рачна сирена“, се наведува во огласот.