„Беше многу огорчен на Балашевиќ“: Пријател на Бора Чорба открил зошто пејачите со години не зборувале

Точка

14/09/2024

16:40

4.992

Големина на фонт

а а а

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на легендарната група „Рибља Чорба“, беше еден од најистакнатите и најконтроверзните автори на музичката сцена на поранешна Југославија. Текстовите на Бора често предизвикуваа бурни реакции и внимание во јавноста, поради нивната провокативна содржина, која ја критикуваше и политиката.

Според новинарот Драган Јаковљевиќ, кој му бил долгогодишен пријател на Бора, тој бил исклучително сложена личност – провокатор и поет, но пред сè некој кој преку своите стихови ги искажувал вистинските емоции и размислувања за светот околу него.

Јаковљевиќ открил дека тој и Бора се запознале во младоста и оттогаш биле блиски пријатели, споделувајќи слични ставови и поглед на животот. Нивното пријателство било силно, а Драган бил сведок на многу уметнички моменти на Бора.


Бора Ѓорѓевиќ е познат и по тоа што често наоѓал инспирација за своите песни во луѓето и настаните што го опкружувале. Некои од неговите песни се посветени на љубовта, пријателите, но и критичарите и политичките фигури.

Еден од познатите примери е песната „Lutka sa naslovne strane“, која, според некои приказни, била инспирирана од жена која во тоа време била во животот на Бора, додека песните како „Pogledaj dom svoj, anđele“ и „Ostani đubre do kraja“ го отсликувале неговото размислување за човечките судбини, моралните прашања и социјалните контрасти.

Јаковљевиќ во интервју истакнал дека Бора е некој кој ја изразува својата душа преку својата музика и дека неговите стихови честопати се посветуваат на пријателите, но и на непријателите.

Тој ја спомена и врската на Бора со Ѓорѓе Балашевиќ:

„Беше многу лут на Балашевиќ, а Балашевиќ не можеше да поднесе дека некој е поталентиран од него. „Lutka sa naslovne strane“ ѝ ја посвети на Билјана Невајда, а ја напиша додека беше во групата „Сунцокрет“, но никој немаше вкус и не сакаше да ја објави неговата песна. Потоа тој отишол во „Рани мраз“ кај Балашевиќ, но тој го исмејувал. Тој тогаш ми рече: „Сега ќе почнам да пеам, свирам и компонирав, да правам сè сам, да бидам продуцент“, пренесува српски „Информер“.


Тој исто така зборувал дека е точно дека бил од заљублива природа, но не на начинот на кој неговите песни го претставуваат.

Луѓето кои не го познаваа добиваа погрешен впечаток за него. Тој напиша само три или четири љубовни песни. Две песни за Билјана, едната е „Lutka sa naslovne strane“, а другата „Ostani đubre do kraja“, зборувал тој и продолжил:

„Тој беше од заљубив карактер, како и сите нас. Поради својата девојка Маја Јовановиќ, Бора отишол да плаче во тоалет во Шуматовац, а воопшто не бил од плачлива природа, беше голем шмекер. Беше многу успешен кај девојките. Постојано го „стартуваа“ девојки. Ги сакаше сите тие девојки, но малку претеруваше, бидејќи како поет мораше да пишува на тој начин“.

Драган Јаковљевиќ открил и дека текстот на песната „Dva dinara druže“ е всушност посветен на него.


„Текстот на песната „Dva dinara druže“ ми е посветен на мене. Седевме и пиевме многу, веќе беше „фајронт“. Бидејќи Бора испи многу, морал често да оди во тоалет. Имавме навика на келнерите да им даваме големи бакшиши, но никогаш не плаќавме за тоалетот, бегавме. Тој оди во тоалет, се враќа и ми вели да му дадам два динари, бидејќи жената која наплатува овој пат не сакала да го пушти“, зборувал тој и додал:


„Тоj во песната вели „штедевме за стан“. Всушност не штедеше со девојките, туку со мене. Бора ми ги прочита редовите „социјален случај на вратата од тоалетот, два динари, пријателе …“ и рече дека му го спасив достоинството. Секоја своја песна некому ја посветуваше“ Јаковлевиќ изјавил за „ТВ Курир“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг