[ВИДЕО] Нов тизер: Први детали за "Volkswagen" кој пристигнува во Европа

Точка

12/09/2024

13:48

3.328

Големина на фонт

а а а

Volkswagen го објави првиот тизер за моделот "Tayron", кој ќе дебитира на 10. октомври и ќе се продава на европскиот пазар.

Моделот, познат во САД како новиот "Tiguan", треба да биде чекор понапред од неговите претходници, велат од "VW".

Ќе има поголеми димензии од сегашниот европски "Tiguan", но сепак ќе биде нешто помал од "Touareg", па ќе биде позициониран помеѓу овие два модели.

Краткиот тизер објавен од "VW" покажува само графика со "LED" задни светла и осветлено лого на "VW", но можеме да заклучиме дека ќе го следи дизајнот што го има "Tayron L" во Кина (долг 4.684 mm).

Овој источен брат на новиот "Tayron" има неколку традиционални мотори, но поверојатно е дека европската варијанта на автомобилот ќе има електрифициран погон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг