Откако иконскиот "W12" мотор влезе во историјата, своето место го најде новиот хибриден "V8" со уште поголема моќност.
Овој погонски агрегат дебитираше на "Continental GT Speed" за 2025 година и сега ќе се најде под хаубата на новиот седан "Flying Spur".
Тоа е најмоќниот седан што "Bentley" некогаш го направил. Неговиот нов хибриден погон со 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор и електрична асистенција нуди комбинирани 782 коњски сили и дури 1.000 Nm вртежен момент, победувајќи го досегашниот "W12" во секоја категорија.
Зголемувањето на моќноста е 19% во однос на претходниот модел, а зголемувањето на вртежниот момент е 11%.
На автомобилот му требаат само 3,5 секунди за да забрза од 0 до 100 км/ч – половина секунда побрзо од стариот автомобил.
До "V8" е уредно спакуван гореспоменатиот електромотор кој сам произведува 190 коњски сили и 450 Nm, додека батеријата има капацитет од 25,9 kWh.
"Flying Spur" има чисто електричен досег од 76 км, при брзина до 140 км/ч.
Во комбинација со бензинскиот мотор, вкупниот опсег е околу 830 километри.
"The Flying Spur" за 2025 година во салоните треба да се појави пред крајот на годината, а цената се очекува да биде над 200.000 евра.