[ВИДЕО] Србинка која се венчала на шалтер во Лас Вегас стана хит: „Нема да нè ограбуваат за сала и декорации“

Точка

11/09/2024

17:33

33.697

Големина на фонт

а а а

Многу парови ја планираат својата венчавка со месеци, спремни се да земат кредит за да направат раскошна свадба, но Катарина од Нови Сад и нејзиниот сегашен сопруг решиле да ги поедностават работите.

Парот живее во Америка и решил да ја прослави годишнината од врска во Лас Вегас, а кога била донесена одлуката да се венчаат, тие за два часа станале сопружници - без долго планирање, барање сала и големи трошоци.


Отишле кај матичар и во присуство на двајца сведоци се венчале на шалтер, кревајќи ја десната рака и кажувајќи ги брачните завети. Катарина не носела ни венчаница, туку имала само бел вел на главата.


„Решивме да се венчаме во 13 часот, а се венчавме во 15 часот. Нема да нè ограбуваат за сала и декорации!“, напишала Катарина покрај видеото кое набрзо стана вирално, а многумина го пофалија нивниот потег.


„Премногу добар и паметен избор“

„Мојата венчавка од соништата, честитки“, „Ох, толку добар, паметен избор“, „Целосно поддржувам. Без стрес, без трошоци, без 100 други непотребни работи“, „Попрво би посетил четири земји со сопругата отколку да нахранам 600 луѓе кои сигурно ќе ме озборуваат подоцна“, „Слушнав дека колку помалку драма има околу венчавката, толку подолго ќе трае бракот.... Твојот веројатно ќе трае цел живот!“, се дел од коментарите.