[ФОТО] Градите ги прекрила само со налепници: Тинејџ ѕвездата од омилената серија во топлес издание на црвениот тепих

Точка

11/09/2024

13:31

14.835

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тејлор Момсен, позната по улогата на Џени Хемфри во серијата „Gossip Girl“, го привлече вниманието со провокативна комбинација на Модната недела во Њујорк.

Момсен на настанот пристигнала облечена во војнички стил. Носела широки панталони со необичен дезен, кои ги искомбинирала со јакна со ист принт. Под јакната не носела ништо освен налепници на градите. Тејлор на тој начин ги истакнала своите извајани стомачни мускули и не се плашела да „покаже премногу“.


Својот аутфит го искомбинирала со црни чизми и едноставен накит, а косата ѝ била благо навиткана.


Тејлор објави фотографии од настанот на Инстаграм, а илјадници воодушевени обожаватели ја пофалија нејзината комбинација, која ретко кој би се осмелил да ја облече.


„Тејлор, прекрасна си“, „Најубавата жена досега“, „Ах, какви стомачни мускули“, „Испрати ми го твојот план за вежбање“, ѝ пишувале обожавателите.


Покрај „Gossip Girl“, Тејлор глумеше и во култниот филм „How the Grinch Stole Christmas“, кога имаше само шест години. Од 2007 до 2012 година беше дел од актерската екипа на популарната серија, а потоа реши да се фокусира на музиката. Во 2009 година, Тејлор стана фронтмен на бендот „The Pretty Reckless“, во кој е и денес.