Принцезата од Велс пред два дена објави емотивно видео со своето семејство, каде што потврди дека завршила „превентивна хемотерапија“ по здравствената криза на почетокот од оваа година и дека планира да преземе „лесна програма“ за јавни ангажмани во претстојните месеци.
Личната порака на принцезата до нацијата е придружена со неверојатно триминутно видео на кое таа и Вилијам се во Норфолк со нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Тие петмина среќно си играат на плажа, во шума, а Вилијам и Кетрин лежат испреплетени на ќебе, ги гушкаат своите деца - и се бакнуваат. Токму овој момент стана хит на социјалните мрежи.
Всушност, говорот на најстарата Шарлот, додека Вилијам ја бакнува Кејт.
"Ликот на принцезата Шарлот кажува сè. Мамо, тато, срам да ти е", "Ох, само погледни го нејзиното лице", "Го сакам овој "Навистина, тато?" израз на лицето“, „Принцезата Шарлот е секое дете во моментот кога ги гледа родителите како се бакнуваат, таа е урнебесна“, беа само дел од коментарите.
Порака од принцезата
- Како што летото завршува, не можам да ви кажам колку ми олесна што конечно ја завршив хемотерапијата. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство.
Charlottes face is giving “mum and dad please don’t” 💋💋 pic.twitter.com/Ub7a55Irvf
— 👑 (@royal_grace15) September 9, 2024
Животот каков што знаете може да се промени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме низ бурните води и непознат пат. Патувањето е сложено, страшно и непредвидливо за сите, но особено за најблиските. Заедно со понизноста, исто така ве доведува лице в лице со вашите сопствени слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа и нова перспектива за сè.
Пред сè, овој пат го потсети Вилијам и јас да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот што многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно сакајте и бидете сакани – изјави принцезата од Велс.