Фотографиите од Џенифер Лопез и Мет Дејмон на коишто тие се држат за раце со голема брзина се проширија на социјалните мрежи. Пејачката беше фотографирана како го држи за рака Мет Дејмон, најдобриот пријател на својот наскоро поранешен маж.
Според тврдењата на изворот близок до парот, Џенифер сакала да разговара со Дејмон во врска со Бен. Инаку Бен и Мет се добри пријатели, а познато е дека Мет бил против неговото помирување со Џеј Ло како и нивната венчавка.
„Мет Дејмон го задуши секој обид на Џеј Ло да разговараат околу Бен на премиерата на филмот“, изјави извор за „Дејли Меил“ и додаде: „Беше многу непријатен момент бидејќи таа знаеше дека ако го повика Мет на страна за да разговараат на таков настан, тоа ќе предизвика големо внимание и ќе стане вирално“. „Мет ѝ кажа дека му е мило што таа е добро и ѝ се заблагодари за нејзиното учество во филмот, но јасно и кажа дека не е тука за да разговараат околу Бен“, објасни изворот.
Одмазднички фустан
Потсетуваме, актерката и пејачка, Џенифер Лопез, прошета на црвениот килим во Торонто, облечена во „одмазднички“ фустан којшто ја „крена температурата“ кај сите присутни. Инаку таа присуствуваше на премиерата на филмот „Unstoppable“, а кога се појави со овој фустан веќе никого не го интересираше филмот.
Станува збор за „диско фустан“ со црни панделки од страните, којшто беше речиси без рабови, а исто така можеше да се забележи дека Џеј Ло не носела ниту долна облека.
Таа самоуверено позираше пред фотографите свесна за својот атрактивен изглед. Нејзините фотографии набргу станаа вирални, а фановите коментираат дека со ова свое издание Џеј Ло му испратила пораката „Гледај што изгуби“ на Афлек.