Фитнес тренер открива кои се двата најдобри извори на протеини за губење на килограмите

Точка

11/09/2024

10:16

7.199

Големина на фонт

а а а

Кога човекот се наоѓа во процес на слабеење, голема улога во него има внесот на протеини. Меѓутоа не е доволно само да се консумираат оброци богати со протеини, туку важно е и на кој начин тие ќе бидат подготвени како и од што се составени.

Покрај тоа што помагаат во изградбата на мускулите, протеините го прават човекот да се чувствува заситен подолг временски период, но исто така постојат и одреден извор на протеини којшто помага побрзо да се согоруваат мастите.


Фитнес тренерот Томас Вајтхед, ги откри најдобрите извори на протеини, како и намирниците коишто треба да се одбегнуваат при процесот на слабеење. Тој потенцира дека протеините од пилешкото месо, немасното јунешко и белките од јајцата се најдобри за губење на маста и изградба на мускули. Тој објасни дека овие намирници имаат малку калории, а се богати со висококвалитетни протеини.

„Чисти протеини, нискокалорични коишто заситуваат. Тие не само што помагаат во закрепнувањето и растот на мускулите, туку и го одржуваат чувството на заситеност, што може да го спречи прејадувањето и ќе ви помогне да останете во калориски дефицит“, вели тренерот.


Втората најдобра опција е изолат на протеин од сурутка. Тренерот потенцира дека изолатот на протеинот од сурутка содржи помалку масти и јаглехидрати во споредба со останатите протеини во прав, а покрај тоа тој е многу едноставен за консумирање и брзо се подготвува.

Кога станува збор за лошите извори на протеини, Вајтхед вели дека треба да се одбегнува месото со висок процент на масти како што се пилешките батаци бидејќи содржат поголем број калории, а квалитетот на ова месо не е толку лош меѓутоа ќе го отежни процесот на слабеење.


Втората најлоша опција се протеини од засладените јаткасти плодови. Имено, многу луѓе мислат дека засладените јаткасти плодови се здрави, меѓутоа овие намирници се високо калорични бидејќи се богати со здрави масти, а додадениот шеќер или кој било друг засладувач само ќе го зголеми бројот на нивните калории.


Најлошата опција кога станува збор за протеините е преработеното месо како што се колбасите, виршлите и другите месни деликатеси. Преработеното месо вообичаено содржи многу нездрави масти и конзерванси, што може да придонесе кон дебелеењето и спречувањето на процесот на слабеење. Тоа исто така е полно со калории и има минимална нутритивна вредност, поради што претставува лош избор за сите оние коишто се обидуваат да ослабнат.