Ферер: Алкараз мора да научи да губи

Дерби

10/09/2024

17:21

599

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкараз доживеа две разочарување за кратко време, прво остана без посакуваното злато на Олимписките Игри во Париз за да потоа многу рано биде елиминиран на Ју-Ес Опен, последниот грен слем за оваа 2024 година.

Сега следи нов предизвик, настап за шпанската репрезентација која е предводена од легендарниот Давид Ферер. Ферер има поминато многу во кариерата и дефинитивно има што да му каже за младиот Карлос.

-Мислам дека веќе се чувствува добро, но малку претерува. Кога губиш, секогаш се се драматизира. Забележа многу, многу победи оваа година, освои два грен слема, играше на ОИ, малку се одмори и веднаш замина во Синсинати и Ју-Ес Опен.

-Сега побара одмор, се ресетираше, сето тоа го испочитував и целосно сум мирен. Тој е толку добар затоа што бара многу од себе, но мора да научи и да губи. Луѓето надвор од тенисот мислат дека тој може постојано да победува. Ама тоа е невозможно, ниту Рафа, Рожер и Новак, најдобрите во историјата, не можеа тоа да го направат, -истакна Давид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг