[ВИДЕО] Количката за купување во маркети сите ја користиме, но дали знаете за оваа нејзина корисна функција?

Точка

10/09/2024

14:17

3.786

Големина на фонт

а а а

Дали знаете дека количката за купување во маркетите има една скриена функција?

Една корисничка на социјалните мрежи покажа како всушност се користи делот од количката за купување којшто сите го сметавме за безначаен. Купувачите на познатиот американски ланец на маркет „Walmar“ беа шокирани кога разбраа за оваа тајна функција на количката, пренесува „City Magazine“. Жената со име Никол, откри дека дизајнот на металните рачки во количките за купување можат да бидат особено корисни за закачување на одредени „деликатни“ намирници.

Никол сподели слика на „Фејсбук“ од кеса закачена за оваа рачка од количката со коментар: „Во ред, не сум сигурно единствена којашто знае за што служат овие рачки? Секој пат кога ќе ги закачам намирниците на количката, повеќе жени ме сопираат и ми велат дека не знаеле оти така се користат“.

Нејзината објава е споделена повеќе од 50.000 пати и доби повеќе од 150.000 реакции во локалната „Фејсбук“ група, видеото стана толку вирално што администраторот на групата мораше да ја исклучи можноста за коментирање на оваа објава.

Многу луѓе коментираа дека за прв пат во животот слушаат за оваа функција на рачките од количките, а повеќето потенцираа дека тоа е генијален начин да се сочуваат обликот и текстурата на одредени намирници коишто можат да бидат згмечени од поголемите и потешки артикли доколу се стават заедно во количката.