Една работа никогаш не треба да ја правите в кревет ако не можете да заспиете

Точка

06/09/2024

21:45

4.907

Големина на фонт

а а а

Понекогаш се чини како невозможна задача да заспиете навечер, без разлика колку сте уморни во текот на денот. Стресот, анксиозноста, болеста или болката се најчестите фактори кои можат да нѐ спречат добро да спиеме.

Националната здравствена служба (НХС) истакнува дека секој трет човек во одреден момент ќе има потешкотии со спиењето, што би значело дека многу луѓе го имаат овој проблем.

Во овој поглед, лекарот Мајро Фигура сподели неколку совети за тоа како да заспиете, вклучително и што апсолутно не треба да правите ако не можете да заспиете. Имено, тој истакнува дека не треба да останеме во кревет ако веќе 30 минути се обидуваме да заспиеме. Тој објасни дека нашиот мозок тогаш е „премногу активиран“ и треба да ја промените околината.


„Она што е број еден што не сакате да го правите е да останете в кревет. Ако по 30 минути не можете да заспиете, мозокот ви е премногу активиран и треба да ја промените околината“, наведе тој.

Предложи да одите во друга соба и да учествувате во некаква активност.

„Одете во друга соба и направете нешто досадно во слабо осветлена средина. Работи како плетење, читање или гледање низ прозорецот. Мора да го рестартирате лачењето на мелатонин во вашата епифиза“, објасни тој.

Меѓутоа, предупредува дека никогаш не треба да користите мобилни уреди, да гледате телевизија и слично. Имено, сината светлина што ја емитуваат екраните ќе го прекине циклусот на лачење на мелатонин. Наместо тоа, практикувајте техники за длабоко дишење или медитација.


Исто така препорача да земате мелатонин ако не можете да заспиете. Сепак, мелатонин е главно достапен само како лек на рецепт и НХС предупредува да не се купува преку интернет, поради безбедносни причини.


Инаку, на повеќето возрасни со здрави обрасци на спиење им требаат 15 до 20 минути за да заспијат во текот на една типична ноќ. НХС советува да разговарате со вашиот општ лекар ако сметате дека промената на вашите навики за спиење не помогнала за вашата несоница, ако имате проблеми со спиењето со месеци или вашата несоница влијае на вашиот секојдневен живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг