[ФОТО] Нападно, претерано, без нималку стил: Модните критичари велат дека изгледаат како да тргнале на пазар, а не на црвен тепих

Точка

04/09/2024

14:31

6.867

Големина на фонт

а а а

Во Венеција се одржа престижната хуманитарна вечер „amfAR Gala Venezia 2024“, која се одвиваше во рамките на 81-то издание на Меѓународниот филмски фестивал.

Овој настан, познат по својот гламур и присуството на бројни светски ѕвезди, собра многу личности од светот на музиката и филмот. Меѓу нив се истакнаа пејачката Кели Роуланд и актерките Румер Вилис, Кејт Бекинсејл и Ева Лонгорија кои привлекоа внимание со својот моден избор.


На црвениот тепих, кој е синоним за стил и елеганција, можеше да се забележат многу различни стајлинзи, од оние кои зрачеле со софистицираност до оние кои предизвикале поделени реакции поради смелоста или недостатокот на вкус.

Џулијан Мур, една од најпознатите холивудски актерки, се појави во фустан кој бил толку светкав што многумина коментираа дека тоа не е нејзиниот најблескав момент. Иако се вели дека сè што свети не е злато, нејзиниот фустан оставил токму таков впечаток - изгледа како да се трудела со сила да привлече внимание, но тоа резултирало со претерано упадлив изглед.


Полско-италијанската актерка Касија Смутниaк ги изненади сите со својот смел изглед. Нејзината црна комбинација која се состоела од панталони и две тенки ленти кои едвај ѝ ги покривале градите, остави малку простор за имагинацијата. Иако ваквите избори често се гледаат на црвениот тепих, кај неа сè делувало на раб на „пукање“.


Надја Риналди се појави во фустан до подот, но наместо да ја истакне својата елеганција, таа ибрала бои кои биле потполно неусогласени. Светлосиниот фустан, кој сам по себе можел да изгледа нежно и романтично, бил украсен со огромен цвет што создало впечаток на претерување и неуспешен обид да се привлече внимание на оригинален начин. И покрај нејзините напори да се издвои, многумина коментирале дека нејзиниот избор е далеку од усогласен.


Црвениот тепих на овогодишната „amfAR“ гала вечер изобилуваше со модни експерименти, од успешни до оние кои предизвикаа подигнување на веѓите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг