Холивудскиот актер Џорџ Клуни деновиве воодушевува со секое појавување на 81-от Филмски фестивал во Венеција, каде што пристигна да ја промовира новата акциона комедија „Wolfs“ со Бред Пит.
Судејќи по фотографиите, Клуни е секогаш насмеан и добро расположен, како и подготвен да ги забавува сите околу себе. Тој не е воздржан и не размислува како ќе изгледа на фотографиите.
Фотографиите на кои тој и Бред Пит лудо се забавуваат на црвениот тепих исто така ја насмеаја јавноста, а во еден момент дури и започнале да танцуваат и да ги забавуваат сите присутни, особено фотографите кои се наоѓале зад нив.
Еден од фотографите падна, а гестот на Џорџ ги воодушеви сите
Во моментот кога Џорџ позирал со сопругата Амал, еден од фотографите паднал додека ги снимал, а на помош му пришол и актерот.
Клуни му помогнал на фотографот да стане, а Амал стоела покрај него. Потоа, актерот решил да го расположи фотографот, па го зел неговиот фотоапарат и им се придружил на фоторепортерите од другата страна на црвениот тепих, каде почнал да фотографира.
Неговиот потег ги воодушеви присутните, а фотографиите на кои актерот го следи настанот со сериозен израз опкружен со насмеани фотографи го обиколија светот.
Клуни и неговиот колега Бред Пит го привлекоа вниманието и на обожавателите кога прошетаа низ Венеција во елегантни одела.