Амал и Џорџ Клуни се еден од најпопуларните парови во Холивуд, а моментално се во Венеција каде што учествуваат на филмски фестивал. Срцето на Клуни, Амал го освоила тогаш кога тој најмалку се надевал на такво нешто, а во една прилика таа откри каков човек е Клуни во приватниот живот.
Тие двајца прошетаа на црвениот килим во Венеција, а сите очи беа вперени кон, особено на дамите коишто се прашуваа како Амал го освоила срцето на познатиот актер.
Иако тие двајца не зборуваат за нивниот живот во медиумите, Амал во интервју за „Тајм“ откри како е да се биде сопруга на познатиот холивудски актер, а истовремено и мајка на близнаци и активистка за човекови права.
„Бракот е прекрасен. Мојот сопруг е мојот партнер којшто е неверојатно инспиративен и ме поддржува, а нашиот дом е исполнет со љубов и насмевки“, изјави Амал.
Таа исто така зборуваше и за големата радост којашто ја носат нивните деца, Ела и Александар.
„Тоа е радост поголема од сè што некогаш можев да го замислам. Толку сум среќна што ја најдов љубовта на мојот живот, како и тоа што сум мајка, така ја постигнувам рамнотежата“, вели Амал.
Дури и Клуни, во поткастот „WTF With Marc Maron“ изјави дека Амал е „најневообичаената, најумната, најбрилијантната и најубавата жена којашто некогаш сум ја сретнал“, и додаде дека не може да биде посреќен од тоа колку што е сега. Тој тогаш кажа и дека немал намера да се жени, но дека неговиот став се сменил кога ја запознал оваа преубава адвокатка.
„Слушај не сакав да се женам. Не сакав да имам деца. Но потоа едно извонредно суштество влезе во мојот живот и јас едноставно се вљубив“, додаде Клуни.
Амал и Џорџ во 2013 година за прв пат се појавија како пар во јавноста, а следната година се венчаа и тоа токму во Венеција.