Талески: Мицкоски замижа со двете очи по скандалите на Гаши

Макфакс

03/09/2024

14:17

587

Големина на фонт

а а а

Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерепелацијата на претседателот на Собранието. Имаме обврска да застанеме на патот на башибозукот и безаконието коешто од првиот ден го промовираа партиите од власта, изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

Како што рече, ако ВМРО-ДПМНЕ имале образ, оваа интерепелација ќе произлегла од нив.

„Каде е денеска Мицкоски да порача дека никој не е над народот, законот и уставот, ќе има одговонрост? Нели така со полна уста ги уверувавте граѓаните дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност, дека секој што ќе работи спроривно од правилата и законот ќе одговара?“, рече Талески.

Говорејќи за инцидентот што се случи на 1 август на скопскиот ареодром кога обезбедувањето на Гаши испратен од него нападна вработен и се закануваше со пиштол, Талески рече дека тоа личи на сцена од вестерн филм, како во Дивиот Запад.

„Значи шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието се стави над законите. Само затоа што било побарано претседателката на Косово да помине скенер. Е сега зашто тврдам дека се враќа 2016 година? Затоа што исто како во времето на Груевски и Мијалов прво преку МВР најпрво се обиде да го забошоти случајот кој се случил рано сабајле околу 10.00 часот. МВР на Тошковски не ја удостои јавноста со прес конференција, да кажат што се случило тој ден. Си молчеа, збор не зуцнаа. Веста касно вечерта на 1 август прво ја објавија националните медиуми, па дури потоа, вечерта пред полноќ искочи првична верзија на МВР. Со денови сите молчеа, каква одговорност, какви бакрачи, Мицкоски замижа со двете очи“, рече Талески.

Додаде дека дури откако темата се крена во јавноста и почнаа силни реакции МВР, под притисок на јавноста беше принудено нешто да направи и да соопшти што се случило. Шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието доби кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

„Според пријавата Синани на први август претпладне стигнал со возило со полициска ротација. Излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Се поднесе дициплинска постапка за шефот на обезбедувањето, но за политичка одговорност повторно молк. Толку. Иако во својот извештај, МВР констатираше дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето. Токму со ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да бидат првите коишто ќе побараат одоговорност за Гаши после оваа констатација на МВР“, рече Талески.

Понатаму, тој го спомена и скандалот со употребата на службените возила на претседателот на Собранието на свадба во Косово, но и минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола. Рече дека станува збор за тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите.

„Границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без контрола. Никој не знае во тие возила што поминало, што се носело преку границата. Класична злоупотреба на граничен премин и прекршување на законите. Затоа се поставува прашањето дали оваа граница воопшто постои? Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и ги призна сите пропусти на граничниот премин Блаце“, изјави Талески.

Наместо Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, кога веќе секако беа фатени во скандалот и мораа да го признаат, вели Талески, тие се обидоа одговорноста да му ја натоварат на раководителот на смена на граничниот премин Блаце.

„За инцидентот на аеродромот вината кај извршителот, удривте по самарот, за одговорноста на граница кај раководителот на смена, удривте каде што ви текна, само за да го заштитите партискиот дил меѓу ДПМНЕ и ВЛЕН. Какво лицемерие и лажење на граѓаните. Пред избори сите ќе одговараат, по избори пу пу не важи никој од власта не одговара. Е тоа е ДПМНЕ и ќе биде само полошо. Мицкоски ја враќа неказнивоста од 2016 ДПМНЕ ја на голема врата“, додаде Талески.

Талески: Власта на ВМРО-ДПМНЕ има катастрофален почеток, ја боли неуспехот

ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофален почеток откако се на власт и тоа се случува во секој во секој сегмент од функционирањето на животот на граѓаните. Буквално, сè што фатија во овие неполни два месеци направија пепел и пустош и ги излажаа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниската седница за интерепелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Овде денес, место да разговараме за интерпелацијата на претседателот на собранието, ДПМНЕ ги боли за нивниот неуспех. Тие на граѓаните им кажуваа дека првата одлука што ќе ја донесат кога ќе дојдат на власт, ќе биде промена на името Северна, ама излажаа. Ги излажаа граѓаните и за платите и за пензиите. ДПМНЕ имаат тотален крах и катастрофален почеток на партиципирање на власт и тоа допрва ќе ги боли“, рече Талески.

Тој истакна дека пратениците на ДПМНЕ, особено ги боли кога ќе се спомне името Мицковски, за кој забораваат дека не е само претседател на политичка партија, туку премиер, кој дал ветувања пред граѓаните.

„Колку и да сакаат да му се додворуваат на Мицковски, дека тој е величествениот, очигледно заборават дека тој е премиер кој превзел одговорност, која треба да ја исполни пред граѓаните, рече Талески.

Она што гледаме, додаде Талески, е дека ДПМНЕ не се ни малку изменети од нивната матрица која ја имаа пред 11 години, а нивното однесување како партија на власт е срамно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг