Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај.
Разговорот со рускиот лидер е закажан за 10 часот наутро по американско време, а главните теми ќе бидат завршувањето на конфликтот во Украина, кој одзема животи на голем број и Руси и Украинци, а втората тема ќе биде трговијата, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth“.
После тоа, тој ќе разговара и со Володимир Зеленски.
Американскиот претседател исто така има намера да разговара со неколку лидери на земјите-членки на НАТО.
„Се надевам дека ќе биде успешен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека војната, која никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, рече Трамп.