Осум зборови коишто членовите на кралското семејство никогаш не ги изговараат: Не се пцости, туку обични зборови коишто ниеден од нив никогаш не ги именува

Точка

02/09/2024

22:47

3.662

Големина на фонт

а а а

Кралското семејство, како и што се очекува, употребува поинаков речник од „обичните смртници“, меѓутоа интересен е фактот што постојат зборови коишто тие никогаш не ги изговараат а не се лоши зборови ниту пцости.

Некои од овие зборови ги откри Кејт Фокс, британскиот социјален антрополог и автор на книгата „Набљудување на Англичаните: Скриените правила за однесување на Англичаните“.


Мајка и татко/ мама и тато – колку и да звучи чудно, но членовите на кралското семејство никогаш своите родители нема да ги наречат „мама и тато“ или „мајка и татко“, туку „мамичка и татичко“ (mommy and daddy), што можеше да се слушне на прославата на дијамантскиот јубилеј на тогашната кралица Елизабета Втора, кога нејзиниот син Чарлс (сегашен крал) ѝ се обрати со „мамичке“.

Пардон – иако зборот „пардон“ не е контроверзна за повеќето луѓе, на членовите на кралското семејство им е забрането да ја користат. Наместо неа, тие повеќе сакаат да кажат „Извини“ или „Извини што?“, доколку не слушнале што кажал или што ги прашал некој.

Тоалет – зборот тоалет е од француско потекло, па поради тоа тие одбегнуваат да го користат, наместо тоа членовите на кралското семејство ќе го кажат зборот „loo“ што исто така означува тоалет.


Парфем – доколку му кажете на член на кралското семејство дека има добар парфем, тоа нема да помине добро. Колку и да звучи тоа бизарно подобро ќе биде доколку му кажете: „Ми се допаѓа твојот мирис“.

Чајот како вечерен оброк – антропологот Кејт Фокс вели дека нарекувањето на вашиот вечерен оброк „чај“ е еден од најголемите показатели дека припаѓате на работничката класа, за повисоката класа тоа е „dinner“ или „supper“ (вечера).


Салон – членовите на кралското семесјтво немаат дневна соба или салон односно „loundge“. Тие таа просторија ја нарекуваат „соба за примање“ што исто така означува дневна соба.

Десерт – доколку добиете кралска покана за вечера не очекувајте дека ќе добиете десет. Наместо тоа желбата за благо кралското семејство ја задоволува со „пудинг“ кој исто така е збор којшто кралското семејство го употребува наместо да каже десерт.


Отмен – се верува дека првото правило на отменоста е – никогаш не ги нарекувајте другите или себеси „отмени“. Според Кејти Фокс членовите на кралското семејство наместо овој збор го употребуваат изразот „паметен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг