[ВИДЕО] „Да бидам искрен, јас никогаш не би дошол овде. Зарем ова воопшто е град?“: „Антирекламата“ за Осло од локален жител стана вирална

Точка

02/09/2024

16:15

2.670

Големина на фонт

а а а

„Не го сакам светот на Дизни. Сакам да седам на нечија кујнска маса и да пијам вино од чаша млеко“ Во лето на прекумерен туризам, вирална реклама за патување во Осло ја менува перцепцијата за тоа што патниците сакаат.

„Не би дошол овде да бидам искрен“, вели неимпресиониран жител на почетокот на нетипичната туристичка реклама со цел да привлече туристи во Осло.

Нараторот, 31-годишен маж по име Халфдан, потоа ги запознава гледачите со главниот град на Норвешка и се жали како Осло е град без доволно претензии, за неговата лесно достапна уметност како „Крикот“ на Едвард Мунк („не е баш Мона Лиза“, забележува тој) и неговата пристапност. Своевремено, тој се шета низ мирниот градски пејзаж – без редици, гужви или луѓе кои прават „селфи“ со знаменитости.

„Можете да пешачите од едната до другата страна на градот за, на пример, 30 минути. Дали е ова воопшто град?“, коментира Халфдан во видеото.

Од објавувањето на рекламата кон крајот на јуни, видеото на англиски јазик од една минута и 45 секунди привлече речиси 20 милиони прегледи, воодушевувајќи ги туристичките власти на градот, што можеби и не е така изненадувачки.

Објавата на рекламата доаѓа во лето кога сведоичиме растечката група на патници кои почнуваат да се оддалечуваат од добро познатите туристички рути. Изгледа дека веќе не сите сакаат да се придружуваат на толпата посетители за да ги видат истите знаменитости и да ги направат истите фотографии за да ги покажат своите пријатели на социјалните мрежи. Но, и локалните жители на најпознатите туристички места не се задоволни.


Минатиот месец, за време на протестите за масовен туризам во Барселона, демонстрант прскаше туристи со вода, а во Мајорка, толпа од 20.000 локални жители маршираа во знак на протест против туристите, поради кои се зголемија кириите. Венеција воведе такса за посетители оваа година, а Амстердам, покрај обидите да ги намали непосакуваните туристи со квиз, најави планови за регулирање на бројот на бродови за крстарење кои ги пренесуваат туристите во центарот на градот.

Но, се чини дека Осло има друг тип на посетители на ум.

Аугуст Џорфалд, кој го режирал филмот и го напишал сценариото, вели дека е инспириран од одморот во Париз со својата девојка. Пред да заминат од дома, тој и’ рекол дека има една цел: „Реков дека патувањето ќе биде успешно ако не ја видам Ајфеловата кула“.

„Помладите патници не ги сакаат истите одмори што ги имале нивните родители. Тие бараат искуства кои не се наменети за туристи… Не го сакам светот на Дизни. Сакам да седам на нечија кујнска маса и да пијам вино од чаша млеко.“


Тој вели дека „никој не е возбуден за фотографирање места како Кулата во Пиза или Сината лагуна во Исланд“ и констатира: „Мислам дека станува досадно. Луѓето се уморни од тоа. Наместо тоа, посетителите сакаат автентичност – збор, признава тој, „кој е тешко да се дефинира“.

Но, идејата не е нова. Блогерката и публицистка Елена Пашингер го нарекува овој тренд „гледање живот наместо разгледување знаменитости“, фраза што ја користи како поднаслов за нејзината книга од 2015 година „Прирачник за креативни патници“.

Во нејзините патувања низ светот, австријката открива дека дури и рутинските активности, како купување намирници, возење со патнички воз или посета на парк популарен кај локалците може да бидат подобри искуства наместо посета на познатите туристички атракции.


„Отсекогаш ги избегнував туристичките стапици и одев таму каде што се среќава локалното население и каде се случуваше животот“, вели Елена Пашингер.

Се чини дека рекламата во Осло ја има истата цел.

Истражувачката Лорен А Сигел, предавач по туризам и настани на Универзитетот во Гринич во Лондон, ја нарекува промоцијата „брилијантна и во тренд“ и оценува дека рекламата е особено привлечна за луѓето на кои со тек на време им станало помалку забавно или важно да споделуваат на интернет.

„Кога туристите ќе се опуштат од притисокот да добиваат ‘лајкови’ или да ги импресионираат пријателите и следбениците, се менува суштината на патувањето. Наместо да гледате надолу во вашиот телефон, доживувате искуства…“

Трендот добива на сила веќе неколку години. Во 2018 година, градот Виена направи туристичка кампања во која во фокус е „замор од Инстаграм“ и ги повика посетителите да „одморат“ од телефонот кога се на одмор. „Забележавме дека навиките на посетителите на Виена почнуваат да се менуваат“, вели Хелена Штајнхарт, менаџер за меѓународни односи со медиумите на Виенскиот туристички одбор, кој работеше на промоцијата на кампањата.

„Посетителите доаѓаат овде и трчаат од една локација до друга, создаваат видеа и фотографии. Но, изгледаат како да се под стрес поголемиот дел од времето, иако се на одмор“.

Решението на градот било да ги поттикне посетителите да „Уживааат во Виена. Не во #Виена“. Така, ги насочуваше туристите во другите населби на градот, далеку од неговите познати музеи и палати.



Пред неколку недели, колега на Штајнхарт и испратил линк до видеото од Осло, истакнувајќи како тоа ги повторува темите што Виена ги адресирала години порано. „Можеби бевме пред времето со нашата кампања“, констатира таа. Но, Хелена нема ништо друго освен пофалби за норвешката реклама. „Навистина е прекрасно дело. Смешно е, и убаво и едноставно многу добро изведено“.

Осло, град со само повеќе од милион жители (кој на моменти мисли дека е помал брат на поголемите скандинавски метрополи како Стокхолм и Копенхаген), ужива во успехот на видеото.

„Малку си ја чешаме главата“, вели Ен-Сигне Фагеренг, директорка за маркетинг во „VisitOSLO“. „Бевме несигурни дали хуморот навистина ќе биде прифатен.

Нејзината теорија е дека кампањата го погоди моментот поврзан со прекумерниот туризам. Како и другите туристички професионалци, таа гледа како градовите како Барселона, Венеција и Амстердам се борат со нивната популарност и масите на посетители. Сепак, таа не е загрижена дека виралното видеоќе го преплави главниот град на Норвешка со „туристи опседнати со Инстаграм“.


„Не мислам дека овој филм ќе ги промени работите толку многу преку ноќ“, вели таа.

Режисерот Џорфалд се согласува. Тој вели дека засега е среќен што го привлекува вниманието кон неговиот роден град.




Спонзорирани линкови

Маркетинг