Фоторепортерите уловија уникатен детаљ од копачката на Валверде по вонсериското додавање до Мбапе

Дерби

02/09/2024

13:44

3.197

Големина на фонт

а а а

Феде Валверде ја наследи „8-та“ на Тони Крос и според многумина е човекот кој во блиска иднина ќе ја носи капитенската лента на Реал Мадрид, нешто во што е уверен и легендарниот Германецот кој едноставно не можеше да избере подобар наследник за својот број.

Уругваецот сериозно напредуваше во друштво на Крос и Модриќ изминативе неколку години и прерасна во комплетен играч за врска, па во овој бавен старт на сезоната кој го има тимот на Карло Анчелоти, тој е играчот кој посебно се издвојува.

Валверде е убедливо најконстантен и помага на сите делови од теренот, а вчера испорача една генијална асистенција која заврши со прв гол на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Вонсериската визија која ја покажа Феде ги воодушеви фудбалските фанови, но навивачите на Реал се уште пофасцинираа кога дознаа за детаљот кој го има на својата копачка.

Фоторепортерите „уловија“ дека Валверде го има напишано името на својот идол Тони Крос на своите копачки, па така вчерашната асистенција доби уште поголемо значење во шпанската спортска јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг