[ВИДЕО] Генерален штрајк во Израел поради заложниците во Газа, масовни демонстрации против Нетанјаху

Макфакс

01/09/2024

20:28

1.521

Големина на фонт

а а а

Големиот еднодневен штрајк повикан од семејствата на заложниците ќе започне во понеделник во Израел, откако во Газа беа пронајдени телата на шест лица заробени од Хамас на 7 октомври минатата година.

Семејствата на заложниците повикаа на национален штрајк во обид да ја принудат израелската влада да преговара за ослободување на заложниците кои се уште се држат во Газа.

Тоа доаѓа откако израелската армија во саботата пронашла тела на шест заложници во тунел во градот Рафах, јужна Газа.

На штрајкот се приклучуваат и неколку бизниси, а синџирот кина „Лев“ и некои ресторани одлучија да останат затворени во знак на солидарност.


Израелскиот синдикат Хистадрут в понеделник ќе учествува на генерален штрајк, јавува Ројтерс.

Претседателот на Работничката федерација, Арнон Бар-Давид, требаше да се сретне со семејствата на заложниците во 16 часот по локално време во седиштето на неговата организација во Тел Авив, објавија израелските медиуми.

Форумот на заложници и семејства на исчезнатите претходно побара од најмоќниот синдикат во земјата да учествува во штрајкот, откако ја повика пошироката јавност „да се приклучи на масовните демонстрации“.

Шефот на синдикатот Арнон Бар-Давид вели дека аеродромот Бен Гурион ќе биде затворен од 08:00 часот по локално време во понеделник.

Самиот штрајк се планира да започне во шест часот наутро и да трае еден ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг