Силно невреме ја зафати Грција, а денеска некои области беа буквално под вода, бидејќи за кратко време наврна големо количество дожд.
Бурата придружена со обилни врнежи ги погоди јужните предградија на Атина утринава, што доведе до колапс на сообраќајот бидејќи многу улици беа непроодни.
Сепак, метеоролозите велат дека за денеска небото се уште не е „растресено“, па доцна попладне се очекуваат обилни врнежи.
За подрачјето на Пелопонез е издадено предупредување од пладне до вечер, бидејќи се очекуваат пороен дожд и грмежи.
Нестабилно време се очекува и на Крит и на останатите острови во Јонското Море. Се препорачува претпазливост за сите во крајбрежната област на Јонското Море и северниот дел на Егејското Море. Силно невреме се очекува и на подрачјето на Солун.