Жесток напад на руската војска врз Суми, има мртви

Макфакс

30/08/2024

13:21

1.386

Големина на фонт

а а а

Една жена загина, а најмалку осум лица се повредени во руски напад врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија денеска локалните власти.

Според извештаите, во нападот била оштетена фабрика во тој град, а имало и пожар поради што локалните жители биле замолени да не ги напуштаат своите домови, пренесува „Ројтерс“. Украинското јавно обвинителство соопшти дека фабриката произведува амбалажа за храна за бебиња, сок и производи за домаќинството.

Во нападот со руско беспилотно летало врз индустриски капацитет во Полтава, во централна Украина, нема жртви, објави шефот на регионот Полтава, Филип Пронин.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 12 од вкупно 18 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. За време на синоќешниот напад Русија користела и ракети „Искандер-М“, соопшти Военото воздухопловство на Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг