Алкарас за шокантниот пораз во Њујорк: Неговата игра ми предизвика целосна конфузија

Дерби

30/08/2024

11:52

1.864

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас го заврши настапот на Ју Ес Опен, а поразот во второто коло сигурно не беше дел од неговите планови за престојот во Њујорк.

Шпанецот утринава е совладан од холандскиот ривал Ботик ван де Зандшулп и тоа со 3:0 во сетови, а по разочарувачкиот настап се обидел да објасни што се случувало на теренот.

– Прво мора да кажам дека противникот играше одлично, играше супер тенис.

– Мислев дека ќе добијам некои лесни поени, но тој не правеше грешки и тоа предизвика целосна конфузија во моментот кај мене. Не можев да се снајдам, да направам промена, не можев да го подигнам своето ниво.

– Нивото ми остана исто во текот на целиот меч, а тоа не беше доволно да бидам конкурентен. Не го чувствував топчето, правев грешки, кога сакав да направам пресврт веќе беше доцна, – рекол Алкарас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг