Во Норвешка се преврте копија на викиншки брод, се удави археолог

Макфакс

30/08/2024

11:21

1.197

Големина на фонт

а а а

Норвешката полиција соопшти дека телото на Американка која се удавила по превртување на реплика на викингшки брод за време на експедиција на Фарските Острови е извлечено од морето. Одделот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави потврди дека американски државјанин настрадал во близина на брегот на Норвешка, пишува Си-ен-ен.

„Археологот Карла Дана беше прогласена за исчезната откако норвешкиот координативен центар за спасување ги спаси другите пет членови на екипажот со кои патуваше во вторникот вечерта“, изјави портпаролот на норвешката полиција за Си-ен-ен. Шест лица учествуваа во проектот „Легендарното патување на Викинзите“, при што требаше да отпловат од Фарските Острови до Трондхајм во Норвешка со бродот Надодур, копија на викиншкиот брод.

Во вторникот околу 17:45 часот по локално време од бродот бил испратен сигнал за помош. Спасувачката екипа пристигнала на местото на настанот 50-тина минути подоцна, но од бродот дале сигнал дека се е во ред и спасувачите се вратиле.

Околу 20:00 часот од бродот е испратен нов повик за помош. Локалните цивилни чамци кои пристигнале на местото на настанот пријавиле дека бродот се превртел и дека во чамецот за спасување имало пет лица. Бидејќи меѓу преживеаните не бил археологот, спасувачките служби организирале потрага. Нејзиното тело го пронашле во средата наутро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг