По тајфунот предупредување за поплави и свлечишта во Јапонија: ветерот поместувал и камиони

Макфакс

30/08/2024

11:00

872

Големина на фонт

а а а

Тајфунот „Шаншан“ денеска предизвика силен дожд во поголемиот дел од Јапонија, поради што беа издадени предупредувања за можни поплави и лизгање на земјиштето на стотици километри од центарот на невремето, во кое загинаа најмалку три лица, а околу 80 беа повредени.

Околу 125.000 домаќинства во неколку региони останаа без струја на југозападниот остров Кјушу, а имаше и прекин на сообраќајот и производството во фабриките, пренесува Ројтерс.

Со брзина која достигна 50 метри во секунда, или околу 180 километри на час, тајфунот „Шаншан“ покажа доволно моќ за да ги помести и камионите.

Во меѓувреме, тајфунот ослабе и се сведе на ниво на тропска бура, а се движи на североистокот на земјата, носејќи силен дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг