Едноставноста на аеродромот Хакаритама во Агуачики, Колумбија, стана популарен откако инфлуенсерка Роси Палма, на ТикТок го сподели нејзиното искуство со аеродромот.
Таа сакала да ја истакне убавината на едноставноста на овој невообичаен аеродром. Нејзиното видео започнува со посета на првата чекална на аеродромот, којашто се состои од неколку клупи распоредени под сенката на дрвото од манго. Тука исто така можат да се купат колумбиски печива и грицки. Просторот за чекање на летовите е на отворено, што им овозможува на патниците да уживаат во свежиот ветер додека се подготвуваат за летот.
Патниците на аеродромот Хакаритама мораат сами да го проверат својот багажник во малата затворена чекална. Откако ќе ја добијат картата за полетување, тие мораат да чекаат надвор пред да можат да влезат во втората чекална. Инфлуенсерката Роси во својата снимка го покажа целиот овој процес, покажувајќи каде патниците чекаат пред да бидат повикани да се качат во авионот.
Процесот за качување во авион
Како што наближува времето за качување во авион, патниците преминуваат во втората затворена чекална каде што се прави уште една проверка на рачниот багажник. И покрај својата мала големина, овој аеродром функционира непречено, дури и со само еден тоалет којшто го користат и вработените и патниците.
Иако авионот беше мал со капацитет за околу 50 патници, Роси вели дека летот бил удобен како и дека уживала во текот на целото ова искуство.
Аеродромот Хакаритама во Агуачки, исклучиво се поврзува со меѓународниот аеродром Ел Дорадо во Богота преку „SATENA Airlines“. Пистата на овој аеродром ги прима само малите „ATR“ авиони, а летовите се одвиваат само во недела, вторник и четврток, нудејќи едноставна, но единствена опција за патување на оние луѓе коишто сакаат да стасаат до главниот град на Колумбија.