[ФОТО] Жена почина по направена пластична операција во Турција: На семејството, нејзиното тело му било вратено без органи

Точка

27/08/2024

20:26

4.092

Големина на фонт

а а а

Британката, мајка на три деца, починала во текот на операцијата за „бразилски лифтинг на задникот“, во Турција, а за којашто се надевала дека ќе ѝ го смени животот.

 Фризерката Кејдел Браун (38) од Шефилд, Англија, платила 10.500 долари за оваа операција, којашто вклучувала затегнување на стомакот и поткревање на градите, пишува „The Sun“, а инаку таквата операција во Англија ќе ја чинела 30.000 долари.


Нејзината очајна сестра Леан којашто исто така требала да ја направи истата операција, ја критикуваше клиниката во Истанбул, за која како што вели „е место коешто треба да се затвори“.

Сестрите биле возбудени поради нивното доаѓање во Турција, а Кејдел прва влегла во салата, додека Леан го чекала својот ред, Кејдел починала во собата за закрепнување. Докторите и кажале на Леан дека Кејдел починала поради тоа што некои маснотии навлегле во нејзините бели дробови.


„Отиде на операција во 9.30 часот и тогаш ја видов за последен пат“, изјави Леан, којашто ја чекала сестра ѝ да се врати во собата. Во меѓувреме повеќе пати прашувала за нејзината состојба а само и било кажано дека сестра ѝ ќе се врати. Но во еден момент се појавиле тројца мажи коишто ја замолиле да појде со нив, и почнале да и велат дека е можно да се појават компликации по операцијата, а Леан само ги прашала дали сестра ѝ починала.


„Жал нѝ е но да“, одговориле и ѝ понудиле авионска карта. Леан во тој момент била шокирана, и вели дека клиниката и ги вратила парите кои биле платени за двете операции, меѓутоа не ѝ дозволиле да го види телото на сестра ѝ. Кога пристигнала во Велика Британија, Леан се соочила со вистинскиот шок, имено судскиот вештак ѝ соопштил дека недостасуваат органи во телото на нејзината сестра, и тоа делови од мозокот, белите дробови и срцето.

Повеќе од еден милион луѓе одат во Турција со цел да направат евтини операции

Портпаролот на министерството за здравство и социјална заштита на Британија, ги повика сите сограѓани, темелно да ги испитаат квалификациите на лекарите и клиниките каде што планираат да имаат операција. Во меѓувреме „ITW News“ ја контактираше спорната клиника во Турција.

„Не се пронајдени никакви докази за повреда на органи. Телото, недопрено го предадовме на судските вештаци во Турција. Можно е делови од телото да биле отстранети во текот на обидот за утврдување на причината за смртта“, одговори клиниката.


Повеќе од милион странци секоја година ја посетуваат Турција поради медицински зафати, а помеѓу нив и 150.000 Британци, коишто ги привлекуваат ниските цени на операциите во Турција, а британското министерство за надворешни работи соопшти дека, од 2019 година, 28 Британци починале по естетски корекции направени во Турција.